Амбасадорот на Норвешка во Москва е информиран дека десет дипломати од оваа земја се прогласени за непожелни во Русија и дека мора да заминат, соопшти норвешкото МНР.
Министерството изјави дека ја смета одлуката на Русија „акт на одмазда“, бидејќи 15 руски дипломати обвинети за шпионажа беа протерани од Норвешка овој месец.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало норвешкиот амбасадор во знак на протест против одлуката на Осло да протера дипломати и да преземе други мерки како одговор на „непријателските акции“ на Норвешка.
На 13 април Норвешка објави дека Русите што ги протерала биле осомничени за шпионажа.
Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека „одлуката на Норвешка да прогласи 15 лица во руската амбасада за непожелни во Норвешка се заснова на фактот дека тие вршеле разузнавачки активности под превезот на дипломатијата“.