Русија повеќе не е висока договорна страна на Европската конвенција за човекови права

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска Русија престанува да биде висока договорна страна на Европската конвенција за човекови права, по исклучувањето на таа земја од Советот на Европа на 16 март, поради агресија врз Украина, соопшти СЕ.

„Руската агресија против Украина продолжува да носи болка и страдање на милиони луѓе во Украина и низ Европа. Уште еднаш го повикуваме руското раководство веднаш да ја прекине војната во Украина и да стави крај на репресијата на сопствениот народ“, изјави генералниот секретар на СЕ Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Таа изјави дека е жално што со напуштањето на Европската конвенција за човекови права, Русија „понатамошно ќе се изолира од демократскиот свет“ и дека „ќе лиши повеќе од 140 милиони руски граѓани од заштитата што ја нуди Конвенцијата“.

„СЕ ќе продолжи да ги поддржува и да соработува со бранителите на човековите права, демократските сили, слободните медиуми и независното граѓанско општество во Руската Федерација“, се вели во изјавата на Пејчиновиќ Буриќ.

Таа изрази надеж дека еден ден руските граѓани повторно ќе можат да уживаат во заштитата на Европската конвенција за човекови права.

Share This Article