Русија потврди дека се погодени брод и пристаниште

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украина вчера истрела 15 крстосувачки ракети врз бродоградилиште во градот Керч, на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија.

Руското Министерство за одбрана денеска потврди дека ракетите оштетиле брод, а погодено е и пристаниште, но не наведе детали.

Системите за противвоздушна одбрана соборија 13 крстосувачки ракети лансирани кон бродоградилиштето во градот Керч, се наведува во соопштението на руското МО.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук синоќа изјави дека во бродоградилиштето е стациониран ракетниот носач Калибар и им се заблагодари на пилотите за „успешните“ напади.

Share This Article