More

    Русија отвори истрага за видеото на кое наводно е прикажано обезглавување на украински војник

    spot_img

    Русија отвори истрага за видеото на кое наводно е прикажано обезглавување на украински војник, поврзано со платеничката група Вагнер.

    Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека видеото „е проследено до истражните тела на проверка“ при што треба да се утврди „веродостојноста“ на материјалот и да се донесе „соодветна одлука“.

    На видеото што неделава се појави на социјалните мрежи се гледа руски војници се снимаат како обезглавуваат украински воен заробеник со нож. Тоа наиде на осуда од Украина и другите западни држави.

    Кремљ вчера го оцени видеото како „страшно“ и повика да се потврди неговата автентичност.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот не може да игнорира колку лесно убиваат „ѕверовите“.

    – Ништо нема да заборавиме. Ниту ние ќе им простиме на убијците. За сè ќе има законска одговорност. Поразот на теророт е неопходен – рече тој за видеото.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img