More

    Русија му приредила претстава на Западот, а актери биле Захарова и Громов?

    spot_img

    Новото супер-оружје на Владимир Путин, хиперсоничната ракета „Орешник“, всушност е пропаганден трик, а лансирана е со намера да го исплаши Западот, објави Москов тајмс.

    Дури четворица руски функционери наводно потврдиле за весникот дека ракетата е оддалечена најмалку пет години од почетокот на производството и дека тоа, што наредил рускиот претседател да се лансира, е само трик.

    За потсетување, откако администрацијата на Бајден ѝ даде зелено светло на Украина да ја таргетира Русија со АТАКМС, а потоа и Велика Британија ѝ даде зелено светло за ракетите „Сторм шедоу“, Киев ја нападна територијата на Русија.

    Рускиот одговор беше лансирањето на хиперсонична ракета „Орешник“ на реката Днепар во Украина.

    Сепак, изненадувањето беше што ова моќно оружје не израмни сè на земја, а кусо потоа беше понудено објаснување дека изненадувањето на Путин за Западот е исполнето со „празнини“.

    Сепак, снимката од нападот предизвика тревога низ светот, иако едвај ја оштети украинската фабрика за одбрана која беше целта на „Орешник“, ракета која може да носи нуклеарни боеви глави.

    Четворица руски официјални лица рекле дека заканата за „Орешник“ всушност била „исценирана изведба“ на режимот на Путин и дека е речиси невозможно ракетата да предизвика голема штета во овој момент, според информациите на Москов тајмс.
    – Имаше брејнсторминг сесии за тоа како да се одговори и како да се вратат Американците и Британците на своето место бидејќи тие му дозволија на Зеленски да користи оружје со долг дострел. Прашањето беше и како да се исплашат Берлин и другите Европејци за да не го сторат тоа повторно – изјави руски извор, запознаен со приликите.

    Друг руски функционер, за кој се вели дека е од руското Министерство за одбрана, исто така наводно признал дека Русија најверојатно нема реални резерви на системот „Орешник“.

    – Со оглед на бирократијата и заостанатоста, ќе бидат потребни 5 до 7 години за да го воспостави индустријата своето производство – додал изворот.

    Во статијата се наведува дека кога бил лансиран „Орешник“, всушност станувало збор за класичната воена пропагандна кампања на Кремљ.

    Трет руски функционер, исто така неименуван, изјавил дека на јавноста ѝ биле претставени „неколку епизоди“ поврзани со лансирањето на „Орешник“, почнувајќи од ударот на проектилот, преку ширење снимки на социјалните мрежи и низ странските медиуми.

    Статијата на Москов тајмс исто така тврди дека е снимен моментот кога високи претставници на руското Министерство за надворешни работи биле повикани на мобилен телефон среде прес-конференција и кога наводно им било кажано да не ги коментираат тврдењата за лансирање интерконтинентална балистичка ракета.

    Актерите во претставата биле прес-секретарот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, и кураторот на медиумите на Кремљ, Алексеј Громов.

    –Некои учесници во бурата на идеи беа особено горди на овој трик – рекол еден од функционерите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img