Русија мора да добие гаранции за својата безбедност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров по средбата со иранскиот колега Амир Абдолахиан во Москва.

Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања. Тој, исто така, изјави дека Кулеба рекол дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите.

TAGGED:
Share This Article