More

    Русија лансираше 15 крстосувачки ракети

    spot_img

    Русија утрово лансираше околу 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина, но системите за противвоздушна одбрана ги соборија сите, соопштија украинските власти, откако претходно се огласија предупредувањата за воздушен напад во поголемиот дел од земјата.

    Денешните напади, петти овој месец, се случија еден ден откако Русија го лансираше најголемиот број беспилотни летала досега.
    Началникот на градската воена управа на Киев Серхи Попко изјави дека плановите на агресорите пропаднале.

    Тој тврди дека Русите се обидуваат да убијат што повеќе цивили дури и на денешниот Ден на победата во Русија, еден од најсвечените национални празници таму, со кој се одбележува годишнината од поразот на нацистичка Германија во 1945 година.

    Тој, исто така, рече дека според прелиминарните информации, нема жртви во нападот, кој бил извршен со крстосувачки ракети од областа на Каспиското Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img