More

    Русија ќе го задржи задолжителниот воен рок за 18-годишници

    spot_img

    Русија ќе го задржи задолжителниот воен рок за 18-годишници, објавија државните медиуми, трајно зголемувајќи го бројот на момчиња кои ги исполнуваат условите за регрутација, откако пратениците го отфрлија предлогот за поместување на границата за регрутација над 21 година.

    Андреј Картаполов, поранешен генерал кој претседава со комисијата за одбрана на Долниот дом на руската Дума, првично предложи периодот на регрутирање постепено да се помести од 21 до 30 години.

    -Одлучено е да се задржи долната граница на 18 години, бидејќи токму тоа е возраста кога многу момчиња сакаат да одат да служат во војска, изјави Картаполов, пренесува руската агенција ТАСС.

    Воената служба долго време е чувствително прашање во Русија. Многумина се обидуваат да избегнат да го примат повикот за регрутација. Стотици илјади луѓе ја напуштија Русија за да избегнат да бидат испратени во војна во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img