Русија испрати предупредување до ОН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за надворешни работи упати остри обвинувања против Обединетите Нации околу ескалација на безбедносната криза во украинската нуклеарна централа Запорожје и предупреди дека светот е „пред пропаст“. Воедно, рускиот амбасадор во ОН за утре побара седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата со нуклеарката.

– За жал, ОН играше негативна улога во овој случај – изјави портпаролката на Министерството, Марија Захарова за државната радио станица Спутник, пренесе ДПА.

Најголемата нуклеарна централа во Европа, што се наоѓа во јужна Украна, е окупирана од руските трупи од март.

Захарова ги обвини властите во ОН за спречување на инспекција од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Во Секретаријатот на ОН, што се справува со проблеми на нуклеарна енергија, вклучувајќи последици од технички катастрофи и проблемот во нејзината најширока смисла, тие би требало да сфатат дека светот оди кон пропаст – смета Захарова.

Руското Министерство за надворешни работи се пожали преку соопштение во текот на вчерашниот ден, затоа што планираното патување на претставници на МААЕ во централата, пропадна во последен момент, бидејќи имаше безбедносни грижи покренати од Секретаријатот на ОН.

Русија побара утре да се одржи специјална седница на Советот за безбедност на ОН. Советот треба да биде информиран од шефот на МААЕ, Рафаел Гроси за состојбата на нуклеарната централа.

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански, исто така, денеска потврди дека Русија бара средба на која присутните ќе бидат информирани од Грпоси за текот на активностите.

Share This Article