More

    „Русија има 4.000 тенкови, Украинците ќе ја загубат војната“

    spot_img

    Киев ја пропуштил шансата да победи во војната, помошта од ЕУ и САД пристигнува предоцна, а ресурсите на Русија далеку ги надминуваат украинските, анализира германски „Велт“. Во анализата се вели дека Русите имаат 4.000 тенкови и огромна предност во персоналот – и до 30 милиони луѓе во резерва, а 500.000 се очекува да бидат мобилизирани до летото. Истовремено, според написот, Западот потфрлил со своите испораки кај украинскиот претседaтел Володимир Зеленски.

    „Болно е да се признае, но победата на Украина секој ден станува сè помалку веројатна“, наведува на почетокот авторката на статијата и својата теза ја поткрепува со факти – на армијата на Киев ѝ снемаа луѓе и материјално-технички ресурси.

    Не е чудо што Западот сè повеќе зборува за примирје

    Исто така, додава таа, Русија е во подобра позиција, нејзините ресурси се огромни и „не е чудо што западните дипломати сè повеќе зборуваат за примирје“.

    Осврнувајќи се на „оптимистичките изјави“ на украинските претставници кои зборуваа за „победа“ на почетокот на годината, авторката на написот се прашува колку е реална самата помисла за победа на Украина?

    Украинците нема да го вратат Крим?

    „Практично е исклучено Украина да излезе од оваа борба како победник. Особено ако украинскиот претседател Володимир Зеленски навистина ја гледа победата како „ослободување на сите окупирани територии, вклучувајќи го и Крим“.

    „Недоволна помош од Запад – тоа е невозможно. Русија веќе стави 18 отсто од украинската територија под своја контрола. Поверојатно е дека оваа бројка во иднина ќе се зголеми, наместо да се намалува“, се наведува во написот.

    Дописничката на „Велт“, Марија Дросте, ја анализира актуелната ситуација во Украина во пет точки:

    Западот стравува од ширење на конфликтот

    Прво, стана јасно дека САД, Германија и другите членки на Северноатлантската алијанса повеќе се плашат од ширење на конфликтот на територијата на Алијансата отколку за безбедноста на Западот поради територијалното освојување на Русија во Украина… Западот страда од еден вид самозаплашување и ја поддржува Украина само до тој степен колку таа веднаш да не капитулира.

    Русија веќе уништи 70 отсто од инфраструктурата во Украина

    Второ, Русија досега уништи 60 до 70 отсто од критичната инфраструктура на Украина. Се чини дека Киев нема да добие доволно системи за противвоздушна одбрана како Ирис-Т, Насамс и Патриот од Запад за да ги запре Русите. Напротив, досегашните мизерни испораки на оружје од Запад се нешто како „карт бланш“ за руските вооружени сили, кои сè уште имаат огромен арсенал на ракети и беспилотни летала.

    4.000 тенкови спроти колку „Леопарди“?

    Трето, Русија се обидува да го уништи западното прецизно оружје со огромни количини од своето оружје. Русија има доволно ресурси за тоа. Ова првенствено се однесува на тенковите. Според податоците на лондонскиот тинк-тенк Меѓународен институт за стратешки студии (ИИСС), Русија има повеќе од 4.000 борбено подготвени тенкови. Ова не само што претставува голема закана за тенковите „Леопард“ на Западот, туку и дава можност на Русија да тргне во офанзива во секој момент.

    Украина регрутира 60-годишни мажи

    Четврто, Украина останува без војници. Сега во земјава е во тек барем осмиот бран на мобилизација, мажи над 60 години веќе се испраќаат на фронтот. Русија наскоро ќе испрати нов контингент од 200.000 луѓе на фронтот. Тврдат дека до лето ќе бидат испратени уште 500.000 војници. Москва има мобилизациска резерва од речиси 30 милиони луѓе.

    Русија може да излезе и политички победник

    Петто, можно е, од горенаведените причини, Русија да излезе од овој конфликт не само како воен победник со територијални придобивки, туку и како политички победник. Членството на Украина во НАТО по прекин на огнот или мировни преговори ќе биде исклучено во догледна иднина, а за влез во Европската унија, во најдобар случај, ќе биде потребно многу подолго отколку што сака Киев.

    „Сега напорите на Западот се насочени кон претстојното склучување на примирјето, иако за тоа не се зборува гласно. Резултатот ќе биде ампутирана Украина“, се заклучува во статијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img