More

    Русија годинава регрутирала над 230.000 војници

    spot_img

    Повеќе од 230.000 војници се регрутирани во руската армија од почетокот на годината, тврди поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, додека руската офанзива во Украина продолжува во осумнаесеттиот месец.

    – Од 1 јануари до 3 август ангажирани се над 231.000 луѓе по договор – изјави Медведев.

    Поранешниот руски претседател, кој моментално ја извршува функцијата заменик секретар на рускиот Совет за безбедност, во мај објави дека армијата регрутирала 120.000 луѓе во тоа време. Медведев не кажа колку долго ќе трае обуката на новите регрути пред да се приклучат на единиците на фронтот кои од почетокот на јуни се обидуваат да ја запрат украинската контраофанзива на југот и на истокот на Украина.

    – Кампањата за регрутирање се спроведува преку социјалните мрежи и улични огласи кои промовираат воена служба и ветуваат исклучително атрактивни услови за идните војници. Покрај платата и социјалните права, регрутите ги задржуваат своите цивилни работни места за време на воената служба, а сите заеми што можеби ги имаат се замрзнати – додаде Медведев.

    Во септември минатата година, поради загубите на фронтот, руските власти мораа да прибегнат кон делумна мобилизација на резервниот состав, при што беа мобилизирани најмалку 300.000 луѓе, а десетици илјади избегаа во странство.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, на крајот на декември оцени дека е неопходно да се зголеми бројот на руски војници на 1,5 милиони, од кои 695.000 се под договор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img