Руското Министерство за одбрана соопшти дека во областа Тернопил во Украина е уништен магацин со противтенковски и противвоздушни ракетни системи, испорачани од САД и европските земји.
Портпаролот на Министерството Игор Конашенков сподели информации за активностите на руската армија во војната во Украина.
„Магацинот со противтенковски и противвоздушни ракетни системи, кои САД и европските земји и ги доставија на украинската администрација, во близина на населбата Корткив во Тернопилската област, беше уништен со високопрецизни ракети Калибар 39 од морето. – изјави Конашенков.
Тој додаде дека во последните 24 часа погодиле магацини со воздушни ракети со висока прецизност од 15 воени области, а во тие напади биле уништени ракетни системи за противвоздушна одбрана „Бук М-1“, радари и ракетни батерии.