More

    Русија го прозива Бајден да каже дали САД извршилe саботажа

    spot_img

    Русија ќе побара свикување на состанок на Советот за безбедност на ОН за истекувањето на гасот откриено на гасоводите Северен тек 1 и 2, откако го повика претседателот на САД Џо Бајден да каже дали САД се одговорни за саботажата, објави руската дипломатија.

    – Русија има намера да свика официјална седница на Советот за безбедност на ОН по провокациите поврзани со гасоводите Северен тек 1 и 2 – објави на Телеграм портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

    Руската дипломатија претходно побара одговори од Џо Бајден за причината за истекувањето во Балтичкото Море.

    – Американскиот претседател мора да одговори дали САД ја извршија својата закана  напиша Захарова на Телеграм, осврнувајќи се на изјавата на Бајден на почетокот на февруари дека Вашингтон ќе го укине Северен тек 2 доколку Москва воено интервенира во Украина.

    – Ако Русија ја окупира (Украина), нема да има повеќе Северен тек 2 – рече Џо Бајден на 7 февруари, две недели пред руската офанзива.

    Европската Унија најави одлучен одговор на „секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура“.

    Во меѓувреме шведската разузнавачка служба (САПО) соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“.

    Поради истекување на гас, се послаби се изгледите за неизбежно обновување на руските испораки во Европа. Поправка на оштетениот гасовод Северен тек 1 е една од опциите по проценката на штетата, рече операторот во средата, при што аналитичарите посочуваат дека гасот од Русија може да стигне и до Европа преку преостанатиот неоштетен гасовод.

    Операторот на гасоводот „Северен тек“ сака да ја утврди штетата што е можно поскоро, односно штом владите ја укинат забраната за пристап до зоната на истекување гас, рече портпаролот.

    ој одби да даде детали за можните трошоци и кој ќе ги сноси.

    Портпаролот на компанијата „Северен тек 2“, Улрих Лисек, изјави дека „во моментов никој не може сериозно да каже каква е ситуацијата таму долу“, но дека „структурниот интегритет на гасоводот секако е многу нарушен“.

    Аналитичарите, од друга страна, сметаат дека рускиот гас сепак би можел да пристигне во Европа преку гасоводот „Северен тек 2“ со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно. Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност со седиште во Москва, рече дека гасоводот сè уште треба да се тестира и дека сè уште е под оперативен притисок.

    – Ако работите се решат, може да функционира, под услов да има дозвола од регулаторот“, рече Гривач.

    Германија го блокираше проектот за гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас, откако Русија официјално призна два отцепени региони во источна Украина, само два дена пред почетокот на нејзината инвазија на соседната земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img