Русија го обвинува Западот дека се обидува да ја „дестабилизира“ Србија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија денеска ги обвини западните земји за подигање на тензиите во Србија, која беше потресена од протести поради наводна измама на изборите одржани на 17 декември, пренесува Франс прес.

Изјавата доаѓа по вчерашниот протест на опозицијата собрана околу коалицијата „Србија против насилството“ што се одржа пред градското собрание во Белград.

Според АФП, Москва ги поздрави изборните резултати, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека се надева оти резултатот ќе доведе до „натамошно зајакнување на пријателството“ меѓу Србија и Русија.

„Очигледни се обидите на колективниот Запад да ја дестабилизира ситуацијата во земјата“, изјави за државната новинска агенција РИА Новости портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Во текстот АФП потсетува дека Србија не се приклучила кон меѓународните санкции против Москва поради нејзината офанзива против Украина, туку дека ја осудила руската агресија во ОН. Се посочува и дека Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас.

Share This Article