More

    Русија: Доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, тие ќе станат наши противници

    spot_img

    Во последните денови се почесто се зборува за евентуален влез на Финска и Шведска во НАТО, што станува се поверојатна последица од руската инвазија на Украина.

    Поранешниот руски претседател и член на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев утринава изјави дека ако тоа се случи „ќе има последици“.

    „Во тој случај, веќе не можеме да зборуваме за статусот на Балтикот како регион без нуклеарно оружје – рамнотежата треба да се врати. Русија до денес нема преземено такви мерки и не ги планирала“, рече Медведев.

    Да потсетиме, Медведев е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност од 2020 година. Тој претходно беше претседател и премиер на Русија и долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

    „Иако влегувањето на Шведска и Финска во НАТО не би значело голема промена за Русија, во тој случај Москва би ги сметала Шведска и Финска за противници и би преземала мерки во регионот“, рече Медведев.

    Да потсетиме, еден од главните руски приговори за Украина пред војната беа амбициите на земјата да се приклучи на НАТО. Очигледно, Украина оттогаш се откажа од таа идеја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img