Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.
Во соопштението на регулаторот се наведува дека „Генералното обвинителство, во договор со Министерството за надворешни работи, одлучило да ја прогласи социјалната мрежа Фејсбук за вмешана во кршење на основните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани“, пренесоа руските медиуми.

Според Генералното обвинителство, Фејсбук незаконски го ограничил ширењето на општествено важни информации за воведените санкции.

Се посочува дека Фејсбук вчера „неразумно воведе 90-дневни ограничувања на страницата на агенцијата РИА Новости поради наводно ширење лажни информации“, а содржините на четири руски медиуми – Звезде, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру се цензурирани на еден ден.

Share This Article