More

    Русија бара истрага на ОН за програмата за биолошко оружје во Украина

    spot_img

    САД и нивните сојузници вчера ја критикуваа Русија дека „му го губење времето” на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми” во Украина.

    -Уште колку треба да ги трпиме овие глупости?- запраша британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд.

    Русија претходно во Советот за безбедност најмалку двапати го покрена прашањето за програмата за биолошко оружје во Украина, а САД и Украина изјавија дека немаат такви програми.

    Русија сега се залага за официјална истрага, подготвувајќи резолуција на Советот за безбедност за формирање комисија составена од сите 15 членови на Советот за да ги испита нејзините тврдења.

    Британските медиуми пренесуваат дека според Конвенцијата за биолошко оружје, шпо  стапи на сила во 1975 година, таков еден потег е можен, но никогаш досега не бил спроведен.

    Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, рече дека обвинувањата на Русија се „чисти измислици направени без трошка доказ”, дека средбата е „колосално губење време”, обид да се одвлече вниманието од злосторствата на руските сили во Украина и очајна тактика за оправдување на неоправдана војна.

    Дека немаат сознанија за никакви програми за биолошко оружје во Украина е ставот и на претставникот на ОН за разоружување.

    -Дали навистина мислите дека сме толку наивни? Дали навистина мислиме дека Пентагон ќе му каже на високиот претставник на Канцеларијата за разоружување на ОН за нивните тајни биолошки програми во Украина?- праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија, залагајќи се за формирање комисија.

    Во моментов не се знае кога Русија ќе ја стави на гласање нацрт-резолуцијата, за која се потребни девет гласа „за”, а која з ада биде усвоена не треба да има вето од Русија, Кина, САД, Франција или Велика Британија.

    Западни дипломати оценија дека потегот на Русија најверојатно ќе доживее неуспех.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img