Русија алармира за хорор во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За време на специјалната операција во Украинас забележани се случаи на употреба на американска хемиска муниција од страна на украинските војници, изјави генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на силите за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили.
– Според достапните информации, режимот во Киев со помош на западните патрони создава нова борбена тактика користејќи „специјален хемиски појас“. Ова вклучува кревање во воздух контејнери со цијановодородна киселина и амонијак за време на напредувањето на руските трупи – наведува Кирилов.

Според него, овие хемикалии биле испорачани во Краматорск и Купјанск од септември до октомври 2023 година, а се планирало да бидат поставени покрај автопатиштата кај главните транспортни јазли.
Според идејата на властите во Киев, се претпоставува дека таквата тактика значително ќе ја попречи активноста на офанзивните операции на руските вооружени сили и ќе му обезбеди дополнително време на Киев за подготовка на одбранбените линии во Запорожје, Харков и во регионот на Суми.
Се појаснува дека за плановите за масовна употреба на токсични материи сведочат и барањата на Украина за набавка на противотрови, гас-маски и друга лична заштитна опрема.Според Кирилов, украинските вооружени сили користеле токсични соединенија, не само за време на воените операции, туку и за извршување терористички дејствија.

– На 9 август 2022 година, шефот на администрацијата на регионот Керсон, Владимир Салдо, беше хоспитализиран со знаци на труење. Лабораториските испитувања покажаа присуство на супстанцијата рицин, која е вклучена во Листата 1 од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје – рече Кирилов.

Дополнително, според неговите зборови, на 5 декември 2023 година, врз шефот на администрацијата на Луганск, Леонид Пашечник, бил извршен обид да се отруе со фенолни соединенија.

Share This Article