Олимписките игри во Париз беа официјално отворени со спектакуларно шоу што се одржа на брегот на Сена вчеравечер. На самиот почеток на отворањето, популарната американска пејачка и танчарка Лејди Гага ја крена публиката на нозе. Таа пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „Добредојдовте во Париз“.
Лејди Гага пееше и танцуваше во кабаре стил опкружена со неколку танчари и со многу розови пердуви. Таа носеше црна модна комбинација, а црна облека носеа и нејзините танчари. Популарната пејачка слезе по скалите во елегантен црн фустан, а само неколку моменти подоцна остана во црн корсет и во тесен шорц.
Лејди Гага ја испеа на француски јазик песната „Mon truc en plumes“ од Зизи Жанмарис.Пејачката пред неколку дена пристигна во Париз. Во филмот „Ѕвездата е родена“ таа ја отпеа песната „La Vie en Rose“ од познатата француска пејачка Едит Пјаф.
На свеченоста присуствуваат бројни познати личности од светот на спортот, забавата и на политиката.