More

    Роналдо објави фотографија од сауна, но зошто му се фарбани ноктите?

    spot_img

    Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо објави фотографија од сауна на која ја покажа својата неверојатна физичка подготвеност, но и еден детал кој многумина го забележаа.

    На фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил, Роналдо покажа како го опоравува телото и се подготвува за нов спортски предизвик, па иако мускулите му беа во преден план, многумина забележаа необичен детал на неговите нозе.

    Станува збор за фарбани нокти кои Роналдо ги обоил во црно.

    „Дали нешто пропуштив или никој не забележа? Дали тоа Роналдо си ги фарба ноктите“, се прашува еден коментатор.

    Додека многумина се прашуваа зошто славниот фудбалер го прави ова, набрзо стигна одговорот и многу јасно објаснување за што се работи.

    Тоа е многу практичен и корисен трик кој го користат и ММА борците за да спречат појава на бактерии и габи на ноктите, бидејќи нивните стапала се изложени на долг престој во чевли и во влажна средина.

    Како што изјавил изворот за Билд, спортистите ги фарбаат ноктите или ги покриваат со заштитен слој за да спречат појава на габи и бактерии, но и да спречат повреди.

    „Многу врвни спортисти го практикуваат ова бидејќи со часови се во влажни и испотени чевли. Дури и Мајк Тајсон го практикуваше ова“, изјави изворот за Билд.

    Се тврди дека слојот на заштита на ноктите им помага на спортистите да го спречат пукањето на ноктите. Дополнителниот слој на ноктот го минимизира ризикот од оштетување на ноктите при удар, пренесува Sportbible.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img