Кристијано Роналдо изјави дека е среќен во Манчестер Јунајтед и се надева дека ќе го освои трофејот следната сезона под водство на новиот тренер Ерик Тен Хејг.
„Тој е искусен тренер кој заврши фантастична работа со Ајакс и треба да му дадеме време и работи што му се потребни за да ги направи промените што ги сака. Среќни сме и возбудени, не само играчите туку и навивачите. Му посакувам се најдобро и веруваме дека ќе освојуваме трофеи следната година“, изјави Роналдо во видеото објавено на клупскиот профил на Твитер.
Роналдо верува дека Манчестер Јунајтед повторно ќе биде таму каде што припаѓа.
„За мене најважно е да победиме, да се обидам да освоиме првенство или куп. Верувам дека Јунајтед ќе биде таму каде што припаѓа. Понекогаш е потребно време, но јас верувам во тоа “, додаде тој.
Враќањето на Олд Трафорд Роналдо секогаш можеше да смета на поддршката од навивачите.
„Бев среќен што се вратив во клубот кој ја подигна мојата кариера. Убаво беше да се почувствуваат навивачите, тие покажаа дека се среќни. За навивачите морам да кажам дека се неверојатни, па дури и кога губиме натпревари секогаш ја имаме нивната поддршка, тие се секогаш со нас. Навивачите се секогаш во моето срце. Мораме да ги почитуваме бидејќи тие се секогаш на наша страна. Бев и се уште сум среќен овде“, додава Роналдо.