Роналдо ќе ѝ плаќа на Георгина по 100.000 евра месечно до крајот на животот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пред само неколку месеци се шпекулираше за раскинување на фудбалерот Кристијано Роналдо (38) и неговата партнерка Георгина Родригез (29), а сега парот ги демантираше гласините со пристигнувањето заедно во Мадрид.

Сепак, во случај на нивно раскинување, Георгина се осигурала со договор во кој било утврдено што сè ѝ припаѓа, пренесува порталот „Телемадрид“, а според договорот, Кристијано е должен да ѝ плаќа месечна издршка од 100.000 евра до крајот на животот, дознава „Дејли мејл“.

Според шпанските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез потпишале договор според кој, во случај на раскинување со фудбалерот, таа ќе добие сопственост на нивниот семеен дом во Мадрид.

Роналдо и Георгина се родители на пет деца. Парот има две ќерки Алана (6) и Бела (1), а близнаците Матео и Ева им ги роди сурогат-мајка во 2017 година. Тука е и 13-годишниот Кристијано помладиот, а Роналдо името на неговата мајка никогаш не го откри. Со оглед на тоа што парот заедно ги одгледува сите пет деца, неодамна постигната финансиска спогодба на Георгина со нејзиниот животен партнер е значителна.

Двојката деновиве беше во центарот на вниманието откако се појави видео од Роналдо како превртува со очите додека Георгина зборува за нивната венчавка. Имено, новинарите ја прашале дали ќе се омажи за Кристијано, на што таа одговорила „секако“, а тој изреагирал со превртување на очите.

Share This Article