Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и капитен на Португалија, Кристијано Роналдо, со голема почит зборуваше за нашиот национален фудбалски тим.
На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Македонија, фудбалерот на Манчестер јунајтед кажа дека Македонците можат да победат секого ако играат онака како што знаат да играат.
– Македонија е многу организирана фудбалска репрезентација и имаме многу почит кон нив. Ако одиграат на високо ниво, тогаш можат секого да победат. Утрешниот натпревар е средба за живот или смрт – рече Роналдо.