Сите светски медиуми пишуваат за трагедијата што се случи во семејството на фудбалерот Кристијано Роналдо. Новородениот син на фудбалерот почина, а неговата сестра близначка преживеа. Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се скршени, а деталите за трагедијата сѐ уште не се познати.
„Дејли мејл“ објави текст во кој пишува дека Роналдо и Георгина се дружеле на скара два дена пред да објават дека се случила трагедија. Георгина во саботата на својот Инстаграм објави видео на кое се гледаат Роналдо, нејзината сестра Ивана и нејзиниот партнер и неколку пријатели на скара. Не е потврдено каде се одржал собирот, но новинарите претпоставуваат дека Роналдо и Георгина дружењето го организирале во својот дом во Манчестер по натпреварот кој го одигра против Норвич Сити.
Се претпоставува дека партнерката на Роналд се породила во болница во Манчестер и дека момчето починало при породувањето.
Роналдо и Георгина во октомври минатата година објавија дека очекуваат близнаци.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Благословени сме“, напишал Роналдо по тој повод со фотографија на која позира во кревет со Георгина со снимка од ултразвук.
Фудбалерот пред два дена на Инстаграм објави дека се случила трагедија.
„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашиот син. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето мало девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа“, рече парот во заедничка изјава објавена на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм