Роман исполнет со трауми, ужаси, но и борба и нова надеж

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тешко се зборува за „неописливи нешта“, за работите кои не би смееле да се случуваат во домот, во кој живеаат мали деца и кои се во постојан страв од незамисливата траума.

За ужасите за кои тешко се пронаоѓаат зборови и за кои не се смислени адекватни поими вообичаено се молчи. За жал тоа премногу често се случува, кога неописливи нешта ќе им се случат на децата.

Но, токму прославената американска авторка Џес Лаури, пишува за својот роден град, Лилидеј, Минесота и за детството поминато на фармата на нејзините родители. Целата околина и целиот пејсаж упатуваат кон тоа дека Лилидејл е најбезбедното место во светот. Сепак, големите тајни што ги чува градот, предизвикуваат хорор, кој жителите ги фрла во очај.

Као некое чудовиште да излегува од својата дупка и ги напаѓа децата. Ги краде и ги злоставува, создавајќи нова генерација на психички лабилни жители, од кои градот допрва ќе треба да страда.

Но, не е само едно чудовиште. Тие се повеќе и тие живеат во меѓусебна нетрпеливост. Не се поднесуваат, бидејќи се натпреваруваат за доминација над жртвите.

Во неверојатно интересниот роман „Неописливи нешта“, читателот ќе добие прилика да ѕирне во животот на градот, кој упорно ги крие своите страшни тајни. Кога почнуваат да се случуваат неописливите нешта, само едно девојче е волјно да истражува и да го бара чудовиштето, односно само девојчето е мотивирано да го прекине страдањето на својот град. Главната хероина на своите ситни плеќи ќе треба да го понесе и разочарувањето од луѓето, кои некогаш ги сметала за херои. Но животот во Лилидејл е суров.

Романот „Неописливи нешта“ е издаден во едицијата публикации на Арс ламина во 2021 година. Преводот е на Василија Теофилова.

Share This Article