More

    „Ролс ројлсот“ на Тони Бијелик вреден милион евра е уништен

    spot_img

    Тони Бијелиќ, поранешниот сопруг на српската пејачка Драгана Мирковиќ, доживеа сообраќајна несреќа и за влакно избегна трагедија. Дека Тони Бијелиќ доживеа сообраќајна несреќа брзо се прошири низ Опатија каде сето тоа се случи пред час и половина, пренесуваат локалните медиуми.

    Тони Бијелиќ го возел својот блиндиран „ролс ројс“ вреден околу еден милион евра, на кој е направена огромна штета, пишуваат медиумите.

    Тони не бил сам во автомобилот во моментот на несреќата, но за среќа, никој не е тешко повреден. Бизнисменот е, исто така, добро, но е изнервиран од сè што се случило, не толку поради оштетувањето на автомобилот, туку поради тоа што можело да дојде до трагедија, пренесуваат тамошните медиуми.

    Камион со кран пристигнал на местото на настанот за неколку минути и го однел автомобилот на Тони во Виена, додека Бијелиќ заминал со своите пријатели кои дошле да го земат, пишува српски „Скандал“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img