Ројтерс објави живописни снимки од црвените реки на Мауна Лоа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Десетици луѓе на Хаваите со своите семејства и деца во пижами поставуваат камперски столчиња за да го гледаат еруптирањето на Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на светот. Ројтерс објави снимка од пламените јазици во неверојатни црвени тонови. За среќа, лавата останува на 5 километри од блискиот автопат па нема да ги загрози љубопитните жители.

Лавата патува со 40 метри на час, а извира на 4.196 метри над Тихиот Океан. Тоа е висина приближно колку високите врвови на Аплите. Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите соопшти дека отворила две засолништа на островот како мерка на претпазливост, но не издала никакви наредби за евакуација.

Share This Article