Секој родител сака неговото дете да биде успешно. Сепак, понекогаш сосема несвесно, може да придонесе детето да има полошо на училиште, односно да има полоши оценки, објаснуваат психолозите.
Како што е соопштено од Asian Parent, постојат неколку работи кои родителите ги користат за да го саботираат успехот на своето дете, честопати целосно несвесно.
Имаат преголеми очекувања
Иако е сосема разбирливо родителите да очекуваат одредени работи од своите деца, претерувањето со очекувањата може да направи повеќе штета отколку корист, предупредуваат експертите. Во овој случај, детето може да стане несигурно, особено ако добива негативни реакции кога греши или не успее во нешто. Психолозите додаваат дека недостатокот на самодоверба води до интровертност, но и до послаби оценки во училиште.
Постојано разговараат за училиштето со детето
Родителите треба да разберат дека зборувањето само за училиштето и оценките не води до поголема мотивација и интерес за училиште. Психолозите нагласуваат дека родителите честопати изгледаат како да забораваат дека имаат други теми за кои можат да разговараат со своето дете, а преголемиот товар на информации пред да тргне на училиште придонесува за појава на страв од него, но и за појава на анксиозност.
Го принудуваат детето да учи
Повеќето родители веќе треба да знаат дека секое присилување на детето на нешто само буди одбивност и лоши чувства кај него. Ако родителите постојано го тераат детето да учи, решава домашни задачи и слични обврски како сето тоа да е само една задача од која зависи неговиот живот, детето на крајот ќе стане незаинтересирано и ќе не го сака училиштето, предупредуваат психолозите.
Ја решаваат домашната задача наместо детето
Друга грешка што ја прават многу родители е решавањето на домашните задачи или некои други училишни задачи наместо детето. Иако е разбирливо дека родителите понекогаш ќе треба да се вклучат за да им помогнат на своите малечки, ако тоа се случува премногу често или кога тие можат сами да решат одреден проблем, тоа може да доведе до недостаток на независност, мрзеливост и несигурност кај детето. Индекс.