Родителите на убиеното девојче апелираат да се запрат протестите во Англија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Родителите на едно од трите девојчиња убиени на танцов настан посветен на пејачката ѕвезда Тејлор Свифт, во северна Англија на крајот на јули, на потресниот погреб повикаа да се стави крај на безредијата ширум земјата кои траат оттогаш, пишува порталот Јаху.

9-годишната Алиса да Силва Агиар и две други девојчиња, 6-годишната Беби Кинг и 7-годишната Елси Дот Стенком, беа убиени а уште 8 други беа повредени откако беа избодени со нож во напад на 17-годишник во приморскиот град Саутпорт пред 2 седмици.

Следеа денови на безредија во Саутпорт и на други места и во поголемите градови низ Велика Британија, предизвикани од лажни објави на интернет во кои се идентификуваше осомничениот убиец како исламистички имигрант во Англија. Тинејџерот, роден во Британија, во меѓувреме е обвинет, а полицијата соопшти дека инцидентот не го третира како тероризам.

На погребот на девојчето, началничката на локалната полиција рекла дека родителите на девојчето, Серхио и Александра, со португалско потекло, побарале од неа да упати јавен апел за смирување на ситуацијата.

– Се надевам дека секој кој учествувал во насилните безредија на нашите улици во изминатите 13 дена ќе ја наведне главата од срам за болката што ви ја предизвикаа вам, ожалостеното семејство – рече началничката на полицијата во Мерсисајд, Серена Кенеди.

Повеќе од 900 лица се уапсени и 466 обвинети за злосторства поврзани со јавен неред, главно протести насочени кон мигрантите и муслиманите, а десетици веќе се осудени и отслужуваат казни бидејќи случаите бргу се следат низ судовите.

– Прерано те зедоа од нас и често се прашуваме: „Зошто? Зошто овде? Зошто ние? Зошто вие?“ Никогаш нема да ја преболиме оваа болка, но ветуваме дека ќе ги добиеме сите одговори – порачаа родителите на церемонијата.

Политичарите и полицијата ги обвинија дезинформациите на интернет за бранот насилство, при што министерката за образование Бриџит Филипсон рече дека во училиштата сега ќе учат како да забележат лажни вести и „теории на заговор што ги преплавуваат социјалните мрежи“.

Британската влада планира да ги приспособи училишните програми за подобро да ги вооружи децата против дезинформациите и „мачните теории на заговор“ кои кружат на интернет по неодамнешните немири на екстремните десничари, се вели во интервју објавено во неделата.

- Advertisement -
Ad image

Владата ги засили предупредувањата до корисниците на интернет и дигиталните платформи во врска со нивните законски одговорности. Во петокот беа изречени првите пресуди и затворски казни против авторите на интернет пораките кои поттикнуваат насилство.

Овие потези остро ги осудени челникот на платформата Икс, Илон Маск, кој ги врати сметките, главно на политичари и поддржувачи на конзервативните, суверенистички и десничарски политики, кои ги укина претходното водство на тогашната мрежа Твитер, вклучително и на тогашниот сѐ уште републикански претседател, Доналд Трамп, како што покажаа истражувањата, во тесна соработка со администрацијата на американскиот демократски претседател Џо Бајен.

Share This Article