More

    Родителите на Јана незадоволни од одлуката на обвинителството најавија дека заминуваат од Македонија

    spot_img

    Вечерва пред Основното јавно обвинителство во Битола се одржа протест насловен „Правда за Јана“ , на кој беше изразен револт од одлуката на обвинителството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителското постапување, објави Тера.

    На денешниот протест присутни беа и мајката и таткото на Јана, Кристина и Стојче Христовски, кои раскажаа за се она што го поминале и на денот кога Јана почина, но и потоа исчекувајќи правда за нивната ќерка, а не како што велат срамна одлука.

    – Сите велат срамно е ова што излезе сега со судска медицина, ова е срам за државата. Очекувавме дека обвинителството ќе го отфрли предметот, меѓутоа не толку брзо, бидејќи ние како оштетени имаме право на некои барања и други докази, изненадени сме дека за толку кус период го отфрли, веднаш после нашата изјава, следниот ден го отфрлаат барањето. Имаше најава дека ќе се вештачи цел компјутер во детското одделение, таму бевме се гледавме – велат родителите на Јана.

    За тоа што и како ќе прават понатаму, рекоа дека се консултираат со нивниот адвокат.

    – Во оваа држава знаеме колку е саатот, можеби оттука куферчето и да нѐ нема од оваа држава – рекоа Кристина и Стојче Христовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img