Родители во Тексас во САД не се двоумеле со чекан да го скршат стаклото на автомобилот за да го извадат од жештината нивното бебе кое останало внатре заедно со клучевите. Таткото го извади бебето. Брза помош дошла на местото на настанот и го прегледала бебето. Немало повреди.
За време на настанот температурата на воздухот изнесувала 37 степени. Но, според истражувањата, во рок од еден час таа може да се зголеми и до 47 степени.
Во САД секоја година во просек 37 деца умираат во прегреани возила.