Родилката од Струга не се откажува, двајца судии се пензионираат, вештакот не се појави

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одложено беше судското рочиште за родилката Јилдз Веапоска од Струга, на која при породувањето ѝ беа извавени три органи. Во Основниoт суд во Струга денеска не се појави повиканиот вештак кој користел годишен одмор. Истовремено, судијата Живко Аврамовски кој треба да суди најавил дека ќе се пензионира, а и претходниот судија отишол во пензија.

– Колку години ќе ја барам правдата во овие судски врати не знам, зошто доста сум физички оштетена, половина човек сум и психички ќе се пореметам. Додека сум жива нема да се откажам од правдата. Не знам колку ќе бидам жива и психички ќе можам да го издржам сето ова малтретирање во овој суд – изјави Веапоска.

Одбраната на Веапоска има намера да започне супервештачење со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен. Адвокатот на Веапоска вели дека предметот е како „врел костен“ кој никој не го сака во свои раце.

– Сите бегаат од предметот, но нема каде да бегаат. Еден ден ќе падне пресуа и јас гарантирам дека таа пресуда ќе биде осудителна.

Веаопскка додаде дека нема никакво очекување и не верува во судот, но и дека вештакот, доктор Драги Дабески, кој денеска не беше присутен, има направено вештачење кое е спротивно на вештачњето на Институтот за судска медицина.

Судскиот процес за Веапоска, на која ѝ беа отстранети матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез во Струшката болница против тројцата лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска почна во јуни минатата година.

Share This Article