Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница се жали дека и по речиси две недели не ја добила отпусната листа. Тоа се сомнева дека нешто се крие во врска со нејзиниот случај, а се сомнева и во обдукцискиот наод.
Во објава на Фејсбук Крстеска таа се прашува зошто не е испишана икако ја напуштила болницата пред 12 дена.
Како што пишува таа, вчера била да го побара документот на гинеколошкото одделение, но одговор зошто не ѝ се издава не добила. Крстевска се сомнева и во обдукцискиот наод кој, вели, може да биде наместен.
Крстеска и претходно се огласи по трагичниот настан. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ.
На 10 април само 2 часа по породувањето во битолската болница почина нејзиното бебе. Крстеска имала нормална бременост. Министерот за здравство Фатмир Меџити тогаш најави дека случајот итно ќе биде испитан.