More

    Родилката Јилдиз Веапоска не е задоволна од последното рочиште

    spot_img

    За сето она што ми се случи одговорен е целиот медицински персонал на Струшката болница, од денот на мојот влез во болницата, па сѐ до денот на излегувањето, рече денеска родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, која при породувањето остана без три органи.

    Со давање искази на тројца вештаци од Институтот за судска медицина денеска пред Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес по предметот на оштетената родилка на која без нејзино знаење и одобрување ѝ биле извадени матката, јајникот и бубрегот.

    Таа не е задоволна од вештачењето и смета дека тоа било ограничено само на делови од медицинскиот зафат и се однесувало само на извадениот бубрег, а не и за останатите органи што ѝ биле отстранети при операцијата.

    – Да потсетам до Обвинителството, до адвокатите, мене не ми беше изваден само бубрегот, туку и матката и јајникот, за што воопшто не се зборуваше. Зошто ми е извадена матката? Зошто јајникот и зошто јас повеќе нема да можам да станам мајка и нема да можам да имам други деца? рече оштетената Веапоска.

    Адвокатот на оштетената Сашо Јанев смета дека начинот на кој е дадено стручното мислење на лекарите од Судска медицина, укажува на предвидлив исход од судскиот процес, одбивајќи притоа да посочи што тоа значи.

    –  Во вештачењето стои дека товарот на несовесното лекување паѓа на сите учесници во оперативниот зафат. Имињата и презимињата кој учествувал во постапката стојат во обвинителниот акт, кој и колку несовесно постапувал. Што се однесува до мене, јас сите од струшката болница би ги ставил во обвинението. Јас како полномошник сум пристрасен кога се однесува до мојата клиентка, меѓутоа ако се ставите себеси во нејзината позиција, да влезете здрав и да излезете од болница без три органи, апсолутно треба да одговараат сите. Секој кој несовесно лекувал и се огрешил пред Законот треба да одговара – рече Јанев.

    Следно рочиште од процесот што се води против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска е закажано за 10 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img