Поранешниот американски тенисер Енди Родик застана на страната на Камерон Нори во врска со инцидентот на мечот против Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим.
Нори смечуваше во нозете на Ѓоковиќ откако Србинот му го сврте грбот, откажувајќи се од еден поен на вчерашниот меч.
Србинот го критикуваше Британецот за ваквиот потег, посочувајќи дека тоа не е фер-плеј, но Родик го оправдува потегот на Нори.
– Нори може да прави што сака, на Новак може тоа да му се допаѓа или не. Ги миеме рацете и продолжуваме понатаму… Новак победи и готово. Нема смисла после се да се лути – рече Родик.
– Камерон Нори не прекрши ниту едно правило, очигледно е дека се обиде да направи нешто за да го сврти натпреварот во своја полза, се обиде да ја промени динамиката и текот на мечот. Новак е премногу искусен за да биде вознемирен од сето ова, го видел ова многупати досега. Ќе го обвинувате момчето што се обидело? Не мора да ви се допаѓа, но тој барем се обидел – заклучил Родик.