Легендата на светскиот тенис, Роџер Федерер ужива во семејниот одмор на Мајорка, со сопругата Мирка и нивните четири деца во друштво со тенисерот Томи Хас и нивните пријатели.
Фотографиите од одморот најдобро покажуваат дека големиот тениски ас кој лани ја заврши исклучителната кариера, знае да ужива во малите нешта.
Додека другите богати и славни се фотографираат на скапите јахти, Федерер вози педалинка и ужива во вистински летен одмор.