More

    Родени како мажи, го смениле полот и сега боксуваат со жени

    spot_img

    Две боксерки кои минатата година беа дисквалификувани од светските првенства поради сомнежи во нивниот биолошки пол, сега добија зелено светло да се натпреваруваат на Олимпијадата како жени, пренесува Дејли мејл.

    Станува збор за Имани Келиф од Алжир и Лин Ју-Тинг од Тајван.

    Келиф и Ју-Тинг тогаш беа суспендирани по одлука на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), која раководи со најголемите натпревари во овој спорт.

    Претседателот на ИБА, Умар Кремлев тогаш изјави:

    – ДНК тест докажа дека имаат XY хромозоми и според тоа беа исклучени од натпреварувањето.

    Меѓутоа, дојде до влошување на односите помеѓу ИОК и ИБА поради тоа што боксерската федерација беше исклучена од организацијата на боксерските турнири на олимписките игри, па тоа сега е во надлежност на ИОК, кој донесе поинаква одлука во врска со Келиф и со Ју-Тинг.

    Келиф во кариерата има девет победи и пет порази, а Ју-Тинг има 19 победи и пет порази. По минатогодишната дисквалификација на Келиф, Мексиканката Брианда Тамара го опиша своето искуство во борбата со неа.

     

     

    – Кога се борев со неа, бев надвор од себе. Нејзините удари многу ме болеа, мислам дека никогаш не сум се чувствувала така во моите 13 години боксување, ниту во спаринг со мажи. Фала му на бога дека тој ден излегов од рингот и добро е што конечно сфатија – истакна мексиканската боксерка.

    Според научните истражувања, просечната сила на удар е 162 проценти поголема кај лица кои поминале низ машки пубертет. На одлуката на ИОК реагираше Ненси Хогсхед, американска пливачка и сопственичка на три злата.

     

     

    – Имани Келиф од Алжир и Лин Ју-Тинг од Тајван не треба да се натпреваруваат во женскиот олимписки бокс. Тие минатата година беа дисквалификувани поради XY хромозоми, машки фенотип. Да се потсетиме дека мажите, без оглед на тоа како се идентификуваат, имаат 162 проценти посилен удар од жените, што е најголемата разлика во перформансите меѓу мажите и жените. Оваа идеологија може да доведе до смрт кај жените – изјави Ненси Хогсхед.

    Еден корисник на „X“ додаде: „Мажите што удираат жени сега официјално е олимписки спорт“.

    Келиф ќе се бори со Италијанката Ангела Карини во категоријата до 66 килограми во четврток, а Лин како прва носителка во категоријата до 57 килограми, ќе ја има воведната борба во осминафиналето еден ден подоцна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img