More

    Роденденот на Стефановски ќе го прослават Скопје и Битола

    spot_img

    „Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата. Сè на своја рака… со првиот ветер како муви без глава… мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате… живеете на вересија…. ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“

    Вака гласи една реплика од драмата „Диво Месо“ на македонскиот Шекспир, Горан Стефановски, кој бил роден на денешен ден во Битола. Фамилијата Стефановски живееле во куќа заедно со семејството Чоревци. Како дете поминувал многу време во театарите, за еден ден да стане легенда на пишаниот збор. Да се занимава со модерниот македонски идентитет. Неговиот татко Мирко бил режисер, а мајка му Неда глумица.

    Ги турнал границите на југословенскиот, но и европскиот театар со „Дупло дно“ и „Црна Дупка“. А сите ја паметиме „Бушава азбука“ од нашето детство.

    Битола ќе го прослави денешниот ден со концерт на братот на Горан, Влатко Стефановски во Офицерскит дом и афтерпарти со Агни Авшар во „Порта џез“. Во Скопје пак, општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ и соопшти дека годинашното одбележување ќе биде потенцирање на  љубовта на драмскиот автор кон рокенролот.

    По тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски.

     

    Заљубен во англискиот јазик во своите тинејџерски години низ влијанијата на Битлсите и Ролинг стоунсите, Горан се запишува на студии по англиски јазик и литература на Универзитетот во Скопје. Сепак, тој не можел да го отстрани театарот од својот систем и ја поминал својата трета година студии на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград.

    Во октомври 1974 година се запознал со Пат Марш, англиски јазичар која дошла да предава англиски јазик на скопскиот универзитет. Тие се венчале во 14 март 1976 година.

    Починал на 66 години од неоперабилен тумор. Мала биста од Горан како седи на клупа од Велика Британија стигна во скопското Дебар Маало. Каде живее сега „Демонот на Дебар Маало“?

    Акерката Валентина Божиновска ја изведе нарацијата за писмото  Стефановски ѝ посветил писмо на неговата внука Калина пред таа да се роди. Еве што се вели во писмото:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img