Род Стјуарт стана дедо

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Род Стјуарт стана дедо. Неговиот син Лијам објави дека тој и неговата партнерка, Хрватката Никол Артуковиќ – станале родители на машко дете.

Таткото објави фотографија од новородениот син со натпис „Добродојде, момче“. Притоа откри и дека бебето, по име Луј Марк Родерик Стјуарт, има американски, британски, новозеландски и хрватски корени.

Никол Артуковиќ, која има хрватско потекло, често летува во дубровничката област, од каде, како што претходно откри на Инстаграм, нејзините баба и дедо избегале во Америка во 1953 година.

Бебето на Лијам и Никол се родило на почетокот на годинава. Род сега има два внуци, со трето на пат. Неговата ќерка Кимберли роди девојче во 2011 година, а неговата втора ќерка Руби исто така откри дека е бремена во јануари оваа година.

Фото: МИА

Share This Article