Прст на седумгодишно момче бил скршен од робот за време на шаховски меч одржан минатата недела во Москва, објави во неделата Би-Би-Си, цитирајќи руски медиуми.
„Роботот му го скрши прстот на момчето“, изјави Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација за новинската агенција Тасс.
На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како роботот зема една од фигурините на момчето. Момчето потоа прави потег, а роботот го фаќа прстот.
Четири возрасни лица притрчале на помош и прстот на момчето бил ослободен од стисокот на роботот.
Лазарев рече дека машината досега одиграла многу натпревари без ниту еден инцидент.
Момчето успеа да ги заврши последните денови од турнирот во гипс, додаде Тас.