More

    РИТА ОРА СЕ РАСПЛАКА СРЕДЕ КОНЦЕРТ ПОРАДИ ЛИАМ ПЕЈН

    spot_img

    Рита Ора одржа концерт во Јапонија во средата навечер, а во еден момент додека ја пееше песната „For You“ од 2018 година, која ја објави со Лиам Пејн, ја совладаа емоциите и се „скрши“ на сцената.

    Да потсетиме, Лиам Пејн почина во средата откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес. Пејачката почнала да го пее нивниот дует на концертот, а на сцената на екранот се појавила нивна заедничка фотографија.

    „Сега не можам ни да пеам“, рекла таа, а потоа седнала на бината и се фатила за глава додека публиката ја пеела песната.

     

    Инаку, Рита Ора на социјалните мрежи се прости од Лиам Пејн на кого му посвети трогателна објава заедно со нивната заедничка фотографија.

    „Скршена сум. Тој беше добра душа, никогаш нема да го заборавам. Толку многу сакав да работам со него – ми беше задоволство да бидам со него на и надвор од сцената. Оваа трагична вест ми го крши срцето. Ја испраќам сета своја љубов и молитви до неговото семејство и најблиските. Нашата песна „For You“ добива сосема ново значење за мене. Почивај во мир“, напиша Рита Ора.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img