Рита Ора ги шокираше сите присутни со својот изглед, а својот стајлинг го комплетираше со голем украс на вратот и проѕирна маска на лицето. На нозете имаше класични црни сандали, а фризурата и беше исклучително едноставна.
Британската пејачка со албански корени Рита Ора беше една од главните ѕвезди на гала вечерата организирана од британското издание на „Вог“ во Лондон, пред сѐ, благодарение на нејзиниот предизвикувачки „гол фустан“.
Познатата пејачка често избира фустани за црвениот тепих кои се доста провокативни и покажуваат повеќе од потребното, па Рита и овојпат му остана верна на проѕирниот тренд.
Рита Ора привлече многу погледи во целосно проѕирен црн фустан без градник. Фустанот, „залепен“ за кожата имаше црни цветови кои стратешки ги сокриваа нејзините гради, додека гаќичките јасно се гледаа пренку проѕирната ткаенина, а дел од нејзиното лице беше покриено со парче проѕирна ткаенина.
Ова е само еден од многуте „голи фустани“ кои Рита Ора ги носи во последно време. Неодамна, за прославата на 10-годишнината од својата музичка кариера, носеше креација на познатиот француски дизајнер Виктор Вајнсант.
ФОТО: Инстаграм