More

    Ристовски се повлекува од функцијата поради министерското столче

    spot_img

    Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар.

    Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука:

    „Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа која има квалитет, капацитет и добра хемија, потребни за остварување на резултати. Што го направивме Вардар пак да е фактор, и клуб кој е секогаш за врвни дострели.

    Сигурно можевме и повеќе, и требаше да бидеме уште некој чекор понапред. Во спортот не може ништо да се планира однапред, но со добро организирање, тренирање и пред се силна волја секогаш се стигнува онаму каде сте тргнале. А ние тргнавме по патеки кои ни носат добри резултати. Успешно ги надминувавме и ги решаваме сите предизвици пред нас.

    Професионалниот ангажман секогаш ви носи нови предизвици во кои влегувате, со идеја нешто да подобрите, да смените, да се борите за своите идеали и цели. РК Вардар ми овозможи да работам на тоа поле, и да размислувам за подобри услови, во клубот, но и за сите спортисти, и за сите клубови. Нешто што ни недостасува во спортот во целина. Подобри услови, повеќе спортисти, создавање идни горди ѕвезди и репрезентативци на Македонија.

    Бидејќи прифатив да работам на тоа, и сум предложен за иден Министер за спорт во Владата на Република Македонија, сметам дека мојата идна функција и сегашната не се споиви. РК Вардар ќе остане во моето срце како клуб кој многу ми дал. Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев.

    Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште појако. А јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија.

    Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се што е во интересен на македонскиот спорт“, стои во обраќањето на Ристовски.

    Поранешниот македонски репрезентативен голман за извршен директор во Вардар беше поставен во јули минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img