Борис Џонсон нема да се трка за лидер на конзервативците, што значи и за нов премиер на Велика Британија. Со оваа одлука речиси сигурно е дека Риши Сунак ќе биде премиер, пишува Гардијан. Борис Џонсон, кој мораше да го прекине својот одрмо на Карибите се врати во земјата за да добие само 60-тина од потребните 100 поддржувачи во парламентот за да влезе во трката заедно со Сунак и Пени Мордонт.
Џонсон, на почетокот, дури и разговараше со Сунак и Пени за да ги убеди да не се кандидираат и да му помогнат во неговиот обид за политичко враќање.
Сунак има повеќе од 140 декларирани поддржувачи, додека Мордоунт заостанува со 25.
Џонсон во својата изјава вечерва рече дека наводно имал поддршка од 120 пратеници, но одлучил да не се кандидира бидејќи „тоа едноставно не би било правилно да се прави“, бидејќи „не можете ефективно да владеете доколку немате обединета партија во Парламентот“.