„Римац Груп “, основа нова компанија „Римац енерџи“ која ќе работи на следната генерација систем за обезбедување енергија, со намалување на загубите на енергија до 50% на 40% помала површина, соопштија групата.
Портфолиото на производи на брендот „Римац Енерџи“ вклучува системи за складирање на енергија (ESS) за примена во електричната мрежа, комерцијалниот и индустрискиот сектор, како и високо интегрирани решенија за полначи за електрични возила.
Сите производи се целосно дизајнирани, развиени и произведени во Европа.
Реализацијата на целосниот потенцијал на производството на обновлива енергија и поттикнувањето на декарбонизацијата на енергетските мрежи се поврзани со стационарни решенија од овој тип.
Компанијата моментално преговара за неколку проекти со клиенти, меѓу кои и пилот проект со една од водечките компании во областа на обновливите извори на енергија, која бара решенија за батерии за обезбедување енергија за поддршка на нивните соларни и ветерни електрани.
Се очекува пилот-системите да бидат произведени до крајот на оваа година, а пуштањето во употреба е планирано за 2024 година. Сериското производство треба да започне во 2025 година во „Римац кампус“, кој моментално е во изградба, со постепено зголемување на производниот капацитет до десетици GWh.
Основачот и извршен директор на „Римац груп“, Мате Римац, посочува дека има итна потреба од чиста енергетска инфраструктура за поддршка на интегрирањето на обновливите извори на енергија во мрежата преку обезбедување на можност за обезбедување и балансирање на енергијата.
– Со оглед на нашето искуство во технологијата на електрични возила со високи перформанси и посветеноста на одржливиот развој, овој пат изгледа како природна прогресија за нас. Нашиот тим навистина се радува на создавање решенија кои ја прават чистата енергија подостапна, додека се стремиме да ја намалиме нашата зависност на фосилните горива и поттикнување на позелена иднина- нагласи тој.