More

    Рики Мартин доби забрана за приоѓање поради семејно насилство

    spot_img

    Судот и полицијата во Порторикo му наредија на латино пејачот Рики Мартин да се држи подалеку од својот поранешен партнер, откако неименувано лице пријавило во полиција дека Рики го вознемирува, соопшти полицијата.

    Наредбата била потпишана во петокот, откако надлежните се обидоа да го пронајдат пејачот за да му го достават налогот, но не успеаја.

    Не е познато кој ја побарал забраната и не се објавени детали, бидејќи наредбата е поднесена според законот за семејно насилство во Порторико, кој бара целосна анонимност.

    Весникот „El Vocero“ пишува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат – пред два месеци.

    Во извештајот се наведува дел во кој тужителот тврди дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговиот дом најмалку трипати по раскинувањето. Наредбата му забранува на Мартин да стапи во контакт или да се јави со лицето што го тужеше, а судијата подоцна на рочиште ќе одлучи дали таа треба да остане во сила или да биде укината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img