Ријана со синовите – најсимпатичното нешто што ќе го видите денеска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачката Ријана, која неодамна го потврди своето присуство на Мет Гала 2025 година, направи голема промена за новата кампања на својот бренд „Саваж Икс Фенти“ (Savage X Fenty). Наместо досегашните предизвикувачки и разголени изданија во кои позираше во долна облека со кои ги истакнуваше своите раскошни облини, овојпат друштво ѝ прават синовите, двегодишниот РЗА и едногодишниот Рајот.

Мајката и синовите позираат во сосема опуштено издание, а синовите се облечени во ист стил како и познатата пејачка. Тие носат сини тренирки со жолти детали и се боси, а Ријана се појавува и со витлери на главата во истите бои. Секако, тие се само моден детаљ, бидејќи пејачката за оваа пригода има специјално средена фризура и шминка.

Ова видео разнежи многумина нејзини обожаватели, кои ја опсипаа со коментарите: „Само љубов, преслатка сте“, „Нè освои со овој потег“, „Блескаш“, „Мајчинството одлично ти прилега“, „Ми се плаче од среќа кога те гледам волку среќна и успешна“.

Ријана двајцата синови ги доби со раперот АСАП Роки, но тој не се појави во кампањата, иако многумина го и него го очекуваа.

Share This Article