More

    Ријана се пошегува дека нејзиниот мал син е вознемирен што наместо него ќе го носи своето неродено бебе на Оскарите

    spot_img

    Ријана се пошегува дека нејзиниот мал син е вознемирен што наместо него ќе го носи своето неродено бебе на Оскарите. Музичката ѕвезда ги објави вестите за бременоста неколку часа пред нејзиниот настап во Супербол минатиот месец. Ријана во текот на настапот на Супербол го покажа трудничкиот стомак, со што најави дека ќе стане мајка по вторпат.

     

    Таа неодамна сподели видео од нејзиниот син, роден минатиот мај, како го гледа нејзиниот спот за „Lift Me Up“ за нејзиниот претстоен настап на 95-тото доделување на Оскарите.

    Ријана со овој номиниран сингл ќе настапи на 12 март во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

    Во пресрет на настапот, Ријана објави фотографија од лицето на нејзиниот син кој изгледа вознемирен:

    „Мојот син кога дозна дека брат му или сестра му одат на Оскарите наместо него“, напиша таа.

     

    Нејзината објава доби многу „лајкови“ и коментари, а многумина духовиото се согласија со нејзиниот син.

    „И јас би бил нервозен, неговиот брат или сестра имаше можност да се појави и на Супербол и на Оскарите!“, „Зарем не ти беше доволна насловната страница на „Вог“ (и двапати), „Тој е премногу сладок“ и „Сега знаеме кога ќе го објават новиот албум на мама на интернет“, се само некои од нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img