Откако беше објавено дека славната пејачка Ријана присуствувала на луксузната свадба на синот на индискиот милијардер, се појавиле и видеа од нејзиниот настап за којшто пејачката била исмеана затоа што делувала незаинтересирано.
Светската музичка ѕвезда за настапот на оваа венчавка била платена дури шест милиони евра. Земајќи ги предвид парите кои се издвоени за нејзиниот настап, делува како пејачката да не е воодушевена од перформансот, а на социјалните мрежи луѓето пишувале дека делува како воопшто да не ѝ е гајле.
Видеата од настапот ги преплавиле социјалните мрежи, а на некои од нив може да се види како Ријана одвај танцува и делува прилично незаинтересирано.
„Ријана навистина покажа дека ќе настапува на минимално ниво, ќе го земе чекот и ќе си оди“, гласел еден од твитовите во кои ја прозиваат пејачката.
Нејзиниот настап вклучувал 19 песни, а наводно била платена околу 60.000 евра од минута.
Нејзиниот настап во петокот навечер го започнал тридневното славење за кое се проценува дека чинело неверојатни 140 милиони евра.
Во текот на настапот Ријана му се заблагодарила на семејството Амбани и им честитала на младенците, а потоа и поради честитките наишла на осуда и исмејување затоа што не ги изговорила нивните имиња правилно.
„Ријана е платена милиони и сѐ уште не е во состојба правилно да ги изговори нивните имиња“, ја прозвале во една од објавите.
Исто така фановите ја прозвале затоа што со години чекаат на нејзин албум, наведувајќи дека за нова музика нема време, но дека има време да пее за индиски милијардер.
Таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, а „Форбс“ неговото богатство го проценил на над 110 милијарди долари. Тој е најбогатата личност во Азија и 11 најбогат човек на светот.