More

    Ријана е бремена со второ дете

    spot_img

    Музичката ѕвезда Ријана по петгодишна пауза повторно блесна на сцената, настапувајќи на полувремето на Супербол, најгледаниот спортски настан во САД.

    Ријана настапи пеејќи и танцувајќи на пловечки платформи, кои полека се спуштија кон тревникот каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

    Таа беше облечена во црвен падобрански костим, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчари облечени во бели тренирки.

    Ријана го најави големото откритие во почетните моменти од нејзиниот настап, галејќи го стомакот и оставајќи го патентот на нејзината облека – комбинезон, отворен  – за да го открие нејзиниот труднички стомак.

    Портпаролот на Ријана за „Пипл“ потврди дека пејачката и нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки го чекаат второто дете. Тие своето прво дете го добија во мај 2022 година.

    За 34-годишната пејачка од Барбадос ова беше прво појавување на големата сцена во последните пет години, по турнејата на која беше кога го издаде последниот албум „Анти“ во 2016 година.

    Настапот на полувремето во Супербол е резервиран за најголемите музички ѕвезди, па со текот на годините Леди Гага, Бијонсе, Принс, Мадона, „Ролинг стоунс“ и многу други ги забавуваа гледачите на стадионите и стотици милиони други пред телевизиските екрани.

    Американската национална химна пред почетокот на натпреварот ја пееше добро познатиот кантри пејач Крис Стејплтон, а оскаровецот Трој Коцур истовремено ја изведе националната химна на американски знаковен јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img